Поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва е обвинет во петти случај на корупција, пренесува ТАСС.
Да Силва, заедно со уште осуммина свои соработници, се товарат за корупција и перење пари, во процес поврзан со градежната компанија „Одебрехт”, која беше негова сопственост.
Судот соопшти дека Обвинителството собрало доволно цврсти докази за почеток на процесот. Во обвинението се тврди дека поткуп даден во компанијата е искористен за незаконско стекнување имоти од страна на Да Силва.
Поранешниот претседател одрекува каква било врска со имотите.