Поранешниот претседател на Бразил Лула да Силва ќе стане министер

Од:

Поранешниот бразилски претседател Луис Игнасио Лула да Силва прифатил да се врати во политиката, како министер во владиниот кабинет на актуелната претседателка Дилма Русеф, јавуваат бразилските медиуми.

Лула е политички ментор на Русеф, која го наследи на лидерската функција во владеачката Работничка партија на Брзил и благодарејќи на неговата силна подршка таа стана претседател на земјата.

Медиумите јавуваат дека денеска, во главниот град Бразилија ќе се одржи средба меѓу Русеф и Лула, како и дека поранешниот претседател да стане министер на еден од виталните сектори во владата.

Работничката партија го поддржува ваквиот потег на Русеф, објаснувајќи дека Лула како министер ќе ја засили „разнишаната позиција“ на владината администрација во домашната јавност.

Како министер, меѓутоа, Лула за себе обезбедува определена правна заштита во сегашната ситуација, кога тој е и официјално обвинет.

Минатата недела, обвинителството на Сао Паоло побара апсење и притвор за поранешниот претседател, чиј дом беше претресен, откако беше обвинет за перење пари во врска со една луксузна вила на бразилскиот атлански брег.

Тој ги отфрла обвинувањата и тврди дека целиот случај против него, кој се води како дел од корупцискиот скандал со државната нафтена компанија „Петробрас„ е политички мотивиран. Но како министер во владата, тој ќе биде заштитен од локалниот судија во реонот Куритиба кој е сега задолжен за Лула.

За неговото евентуално апсење и притвор, како и за обвинувањето, не би одлучувал обласниот судија, туку Врховниот суд на Бразил.

Итното влегување на Лула да Силва во владиниот состав доаѓа по масовниот протест против Русеф, на кој се собраа околу 1,5 милиони демонстранти.

Тие бараа оставка од претседателката, обвинувајќи ја дека и таа е вмешана во корупцискиот скандал што подолго време ја тресе бразилската политика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск