Поранешниот полски министер за правда избегал и од Унгарија, сликан на аеродром во САД

Од:

Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро се наоѓа во Соединетите Американски Држави, откако претходно доби политички азил во Унгарија, објави „Политико“. Според информациите, Зиобро влегол во САД со виза издадена во време на администрацијата на Доналд Трамп.

Информацијата ја потврди и актуелниот полски државен обвинител Валдемар Зурек.

„Во моментов имаме информации дека тој пристигнал во Соединетите Држави“, изјави Зурек за полската телевизија, додавајќи дека засега не е познато дали Зиобро ќе остане во САД или ќе отпатува во трета земја.

Полскиот портал TVN објави фотографија од Зиобро на аеродромот во Њујорк, Њу Џерси.

Во меѓувреме, полското национално обвинителство преку платформата X порача дека „без оглед каде се наоѓа Збигњев Зиобро, обвинителството ќе ги искористи сите средства предвидени со полското и меѓународното право за да го врати во Полска и да поднесе обвинение против него“.

Зиобро, кој е опфатен со кривична постапка во Полска, претходно доби политички азил во Унгарија заедно со сопругата. Азил во Унгарија доби и Марчин Романовски, поранешен директор на владината агенција за државни резерви, кој исто така е под истрага.

Според полското обвинителство, Зиобро е осомничен за создавање и водење организирана криминална група, проневера на средства и давање лажни докази.

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави дека ќе ги екстрадира сите кои добиле азил за да избегнат судски постапки, споменувајќи го Зиобро по име.

Би можело да ве интересира

Милер: Украина да ги врати тенковите што ги доби од Полска

Сибиха: Полска направи стратешка грешка со одлуката да му го одземе медалот на Зеленски

Туск: Конфликтот меѓу Полска и Украина го прави Путин среќен

Буданов одби полско одликување, вели дека тоа бил чин на непријателство

Зеленски и го враќа на Полска државното признание „Орден на белиот орел“

Горан Наумовски

Маѓар: Миграциската политика на Орбан е една од најголемите политички измами

А1он