Поранешниот освојувач на Златна топка стана претседател на Либерија

Од:

Нов претседател на Либерија ќе биде поранешниот фудбалер Жорж Веа, кој на претседателските избори беше кандидат на Конгресот за демократски промени, а на функцијата ќе ја замени досегашната претседателка Елен Џонсон Серлиф.

Веа во вториот круг од изборите го победи досегашниот потпретседател Жозеф Боакаи.

– Со длабоки емоции сакам да се заблагодарам на народот на Либерија, кој ме почести со денешното гласање. Ова е голема надеж за сите нас, напиша Веа на неговиот Твитер налог.

Жорж Веа е еден од најдобрите африкански фудбалери во историјата, а во 1995 година ја освои и Златната топка, како фудбалер на италијански Милан.

Би можело да ве интересира

Најмалку 27 лица загинаа при пожар во училиште во Либерија

Пацоли: Белград лаже, Либерија не го повлекла признавањето на Косово

Наум Локоски

ФОТО: Либерија ја повлече одлуката за признавање на Косово

Наум Локоски

Веа си ја намали претседателската плата поради банкротот на Либерија

Ана Ололовска

Фудбалската легенда Џорџ Веа со најголем број гласови по првиот круг од претседателските избори во Либерија

Наум Локоски

Либерија бира нов претседател, на местото на Елен Џонсон Сирлиф

Ана Ололовска