Поранешниот лидер во „Џамат-е-Ислами“ – осуден на 90 години затвор

Од:

Поранешниот лидер на источното крило на партијата „Џамат-е-Ислами“, Ѓулам Азам, осуден е на 90 години затвор заради сторени воени злосторства.

Меѓународниот суд за воени злосторства во Бангладеш го осуди 91-годишниот поранешен лидер на пакистанското источно крило на „Џамат-е-Ислами“ заради воените злосторства сторени во 1971 година, во текот на војната за независност на Бангладеш.

Тацул Ислам, еден од неговите адвокати, изјави дека на Азам му е судено за 62 кривични дела.

– Од тоа, 61 кривично дело се однесуваа на говорите што Азам ги држел во текот на војната. Азам во тие говори зборувал дека одвојувањето на Бангладеш од Пакистан ќе ги раздвои муслиманите, како и дека нема да биде од корист за Бангладеш, рече Ислам.

„Судот знаел дека осудата на Азам на смртна казна ќе предизвика уште поголеми реакции и затоа го осуди на 90-годишна затворска казна. Според ниту еден закон не можете да пресудите затворска казна од 90 година на човек на возраст од 91 година. Ќе вложиме жалба на оваа пресуда“, изјави адвокатот Ислам.

„Џамат-е-Ислами“ и Националистичката партија на Бангладеш денеска прогласија општ протест во државата. Во текот на демонстрациите дојде до судир меѓу приврзаници на партијата „Џамат-е-Ислами“ и полицијата.

Азам и десетина лица од неговата партија се товарат за соработка со Пакистан во текот на војната за независност и придонесот кон геноцидот сторен во текот на војната.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници