Уапсениот поранешен каталонски вицепремиер Ориол Жункерас и уште тројца притворени членови на неговата партија Републиканска левица на Каталонија (ЕРЦ), денеска најавија дека ќе ја почитуваат одлуката на Врховниот суд на Шпанија за ставање на Каталонија под контрола на шпанската централна власт.
Жункерас е еден од осумте членови на резрешената регионалната Влада на Каталонија, кои беа уапсени на 2 ноември, под обвинение за незаконско прогласување независност на регионот од Шпанија.
Адвокатот на обвинетите изјави дека тие не се согласуваат со одлуката на шпанската Влада, која го активираше членот 155 од Уставот на Шпанија и ја суспендираше каталонската автономија, но го прифаќаат овој чекор.