Поранешниот грузиски претседател Сакашвили не прифатил да биде вицепремиер на Украина

Од:

Поранешниот претседател на Грузија Михаил Сакашвили не прифатил да биде вицепремиер во владата на Украина, јави грузиската телевизија Рустави-2.

Телевизијата на сајтот објави изјава од Сакашвили кој во моментот е во Киев, дека се откажал од функцијата само заради Грузија.

Тој додава дека не е подготвен да се раздели со Грузијците во името на преземање функција и дека негов приоритет е Грузија и затоа не прифатил функција во Украина.

Неколку часа претходно, претставник на грузиското МНР изјави дека ако Сакашвили биде назначен на државна функција во Украина тоа нема да се одрази позитивно на односите меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Зеленски: Се надевам дека војната ќе заврши оваа година

Трамп: Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна

Макрон: Некои европски земји би биле подготвени да имаат мировни сили во Украина