Поранешниот генерален секретар на НАТО под истрага поради банкарски скандал

Од:

Полицијата го истражува поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за неговата улога во банкротот на летонската банка ПНБ, објави данскиот весник „Борсен“.

Според летонските власти, Расмусен, кој беше заменик-претседател на независната менаџерска група на ПНБ, и други поранешни менаџери се под истрага поради нивното претходно раководење со банката, пишува порталот Политико.

Администраторот на стечајната маса рече дека обвинетата група постапила неодговорно прифаќајќи големи зделки без покритие, што резултирало со околу 140 милиони евра „празнина“ во имотот на банката.

Властите не го коментираа случајот подетално, бидејќи истрагата сè уште е во тек, пишува данскиот весник.

Случајот неодамна беше отфрлен во Данска кога данскиот адвокат на банката неуспешно се обиде да го изведе пред Врховниот суд на земјата.

Расмусен беше премиер на Данска од 2001 до 2009 година, пред застане на чело на Северноатланската Алијанса.

Тој ја основа консултантската компанија Расмусен Глобал и копретседава со Групата за меѓународни безбедносни гаранции за Украина, заедно со Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролот на Расмусен одби да го коментира случајот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море