Поранешниот британски јавен обвинител Рајт го повика Џонсон да поднесе оставка

Од:

Поранешниот британски државен обвинител Џереми Рајт го повика премиерот и партиски колега Борис Џонсон да поднесе оставка, поради забава во официјалните простории за време на карантинот против ширењето на коронавирусот, јавува Би-Би-Си.

Рајт, кој функцијата државен обвинител ја извршуваше во период на владите на Дејвид Камерон и Тереза ​​Меј, рече дека случајот предизвикал „вистинска и трајна штета“ на угледот на владата на Џонсон, како и на угледот на институциите и на авторитетот на владата воопшто.

„Корегирањето на оваа работа е исклучително важно за суштината на авторитетот на власта и за ефикасноста на државната политика и не гледам дека извинувањата од државните функционери, без разлика колку и да се искрени, ќе успеат да поправат сè. За доброто на сегашната па и на идните влади, премиерот треба да поднесе оставка“, рече Рајт.

Тој се приклучи на повикот на 27 други конзервативни пратеници до премиерот Џонсон да поднесе оставка. Повеќето од нив и официјално побараа гласање за доверба на Владата. За тоа е потребно барање на 54 пратеници во британскиот Парламент.

Џонсон ја прифати одговорноста по објавувањето на извештајот на високата државна службеничка Су Греј, која ја водеше истрагата за забавите.

Тој рече дека се чувствува „засрамен“ и дека ја „научил лекцијата“, но дека треба „да продолжи понатаму“ и да се фокусира на државните приоритети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари

Борис Џонсон го спореди Путин со Милошевиќ: Мистичниот сојуз меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев

А1он

Борис Џонсон се повлече од трката за премиер: „Сега не е време“

Горан Наумовски

Џонсон е подготвен да се кандидира за нов премиерски мандат

Горан Наумовски