Поранешниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва и се предаде на полицијата за да го почне служењето 12-годишна затворска казна на која беше осуден поради корупција.
Многу приврзаници го спречуваа Да Силва да се предаде, но тој сепак синоќа влегол во полицискиот автомобил. Тој потоа бил однесен во полициската станица во Сао Паоло од каде е префрлен во затворот во градот Куритиба.
Да Силва требаше да им се предаде на властите во петокот откако Врховниот суд го отфрли неговото барање да се брани од слобода додека трае жалбениот процес на пресудата.
Полицијата потоа издаде налог за негово апсење.
Тој прво обди да се предаде, но синоќа најави дека сепак ќе оди во затвор.