Бразилскиот Изборен суд донесе одлука да му се забрани учество на поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва да учествува на претседателските избори во октомври.
Да Силва е фаворит и покрај тоа што е осуден на 12 години затвор поради корупција и перење на пари. Согласно бразилските закони на Да Силва му е забрането учество на избори бидејќи неговата казна е потврдена во жалбена постапка.
Поранешниот бразилски претседател се надеваше дека судот ќе му дозволи да се кандидира бидејќи според него пресудата е „смешна“.