Поранешниот боливиски лидер Ево Моралес позитивен на коронавирусот

Од:

Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес е позитивен на коронавирусот, соопшти неговиот кабинет.

Во соопштението се вели дека тој е стабилен и дека прима терапија со цел да се справи со симптомите, но не е наведено какви се симптомите, пренесува BBC.

Моралес (61) се врати во Боливија од егзил во ноември откако еден од неговите сојузници Луис Арке беше избран за претседател.

Моралес, кој е лидер на владејачката партија Движење за социјализам, по неговото враќање учествуваше на бројни собири со приврзаници и членови на партијата пред локалните избори што ќе се одржат во март.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

А1он