Поранешниот бангладешки министер осуден на доживотен затвор поради воени злосторства

Од:

Поранешниот бангладешки министер Абдул Алим денеска е осуден на доживотен затвор поради злосторствата извршени за време на војната за независност на Бангладеш од Пакистан во 1971 година, јави ДПА.

Алим, кој е член на опозициската Националистичка партија на Бангладеш, е осуден од специјалниот суд за воени злосторства што ги испитува обвинувањата против актуелни и поранешни политичари за соработка со пакистанските сили за време на деветмесечната војна.

Алим (83) беше прогласен за виновен по обвиненијата за геноцид, грабежи, опожарувања и други злостроства против човештвото за време на војната, во која загинаа три милиони лица.

– Алим ја заслужуваше смртната казна, но Судот го осуди на доживотен затвор, имајќи ја предвид неговата возраст и лошата здравствена состојба, изјави главниот обвинител на Бангладеш, Махбубеј Алам.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници