Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, осуден на три години затвор

Од:

Мајкл Коен, долгогодишен личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска е осуден на 36 месеци затвор во Њујорк за криминални дела, вклучувајќи и лажно сведочење во Конгресот и овозможување на нелегалните плаќања за две жени, со цел да ги замолчат за наводна врска со Трамп.

Опишувајќи ја својата разочараност од Трамп, Коен изјави дека ги извршил криминалните дела поради „слепа лојалност” кон претседателот.

– Живеам во личен и ментален затвор уште од денот кога ја прифатив понудата за работа за могулот за недвижности, на чии бизнис способности длабоко се восхитував. Сега знам, има малку нешта кај него за возхитување, рече Коен.

– Ја преземам целосната одговорност за секој чин за кој признав вина. За моите лични дела и за оние во кои бев вклучен поради претседателот на САД, изјави Коен пред судијата.

– Беше моја должност да ги прикријам неговите валкани дела, појасни тој.

Коен (52) во август призна дека во пресрет на претседателските избори во 2016 година платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс и организирал исплата од 150.000 долари за поранешниот модел на Плејбој Карен Мекдугал. Жените, кои тврдеа дека имале сексуална врска со Трамп ги добиле парите, а во замена требале да молчат за тој однос.

Адвокатите на Коен се согласија со обвинителите дека со овие плаќања тој ги прекршил законите за финансирање на кампањи.

Трамп негираше врски со Даниелс и Мекдугал и ги отфрли шестоцифрените исплати заради молчење, опишувајќи ги како „едноставна приватна трансакција”.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

Вашингтон пост: Трамп размислува за суспендирање на забраната на TikTok за 60 до 90 дена