Поранешна сомалиска бегалка стана пратеник во Парламентот на Минесота

Од:

Во американската сојузна држава Минесота, во која живеат многу сомалиски бегалци и чие интегрирање во општеството беше една од темите на предизборната дебата, една муслиманка од сомалиско потекло освои место во Парламентот, нешто што се случува првпат во САД, пренесоа француските медиуми.

Поранешната сомалиска бегалка Илхан Омар, на 3 јануари следната година, и официјално ќе стане пратеник во Претставничкиот дом на Парламентот на државата Минесота.

Минесота се наоѓа на границата со Канада и заедно со оваа земја се претвори во посакувана територија за сомалиските бегалци, кои доаѓаат во северна Америка.

Според последните податоци, во Минесота живеат 25. 000 сомалиски бегалци.

Победата на изборите на Илхан Омар, 33-годишната жена која носи хиџаб, се случува во екот на жестоката предизборна кампања што ја водеше Доналд Трамп против муслиманите и бегалците. Победата на младата муслиманка покажува дека реториката на Трамп против муслиманите и бегалците во Минесота не даде резултат. Трамп загуби во целата држава, каде Хилари Клинтон освои 47 проценти од гласовите наспроти 45 процента за милијардерот.

Новата пратеничка во Претставничкиот дом на Минесота вели дека за заедницата на сомалиски бегалци ќе биде многу тешко по победата на Трамп.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски