Романското Обвинителство денеска покрена обвинение против поранешната министерка за туризам и влијателна политичарка Елена Удреа, поради перење пари и давање лажни изјави.
Обвинителите за борба против корупција денеска ја сослушале Удреа поради сомнеж дека не пријавила финансиски средства кои во 2010 година ги добила од тогашниот собруг, иако имала обврска тоа да го направи. Таа ги отфрлила тврдењата дека ја злоупотребила својата функција.
Поранешната министерка му беше близок соработник на Трајан Басеску, романски претседател во периодот од 2004 до 2010 година.
Басеску ја поддржа намерата на Удреа да се кандидира на ноемвриските избори за шеф на државата, на кои го освои четвртото место.