Поранешен романски министер за земјоделие осуден на четири години затвор за корупција

Од:

Поранешниот романски министер за земјоделие Стелијан Фуја е осуден на четири години затвор за корупција, јави ТАСС.

Во денеска обајвена одлука на Апелацискиот суд во Букурешт се наведува дека тој ги злоупотребил службените овластувања, предизвикувајќи штета на државата од над 1,6 милиони романски леи или околу 400 илјади долари. Судот, исто така, го лишува поранешниот службеник од голем број граѓански права во периодот по исполнување на казната.

Пресудата не е конечна и може да биде обжалена пред Врховниот суд.

Обвинителите од Националната антикорупциска управа почнаа кривична постапка против Фуја минатата година во врска со незаконска продажба на недвижнини во државна сопственост, додека бил директор на истражувачката станица „Фундулја“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он