Поранешен разузнавач: Русите неуспешно се обидуваат да ги изгладнат бранителите во Бахмут

Од:

Луиз Џонс, поранешен британски воен разузнавач и шеф во разузнавачките служби Мекензи, тврди дека Русите се обидуваат да ги „изолираат и изгладнуваат“ украинските бранители во Бахмут, но не успеваат. Таа е убедена дека војната ќе продолжи уште долго и додава дека клучна улога ќе има одржливоста и издржливоста на Украина.

Џонс го објасни влијанието на немилосрдното бомбардирање на Русија врз критичната инфраструктура. „Овој тип на напад, кој ја деградира и влијае на цивилната инфраструктура, значи дека украинската индустрија ќе стане помалку отпорна, помалку способна да ги поддржи воените напори“, рече Џонс, според Скај њуз.

„Цивилното население ќе ги сноси и последиците, што ќе предизвика поголем притисок врз украинските јавни служби. На пример, луѓето кои живеат во незагреани домови, неухранети затоа што не можат да готват… Сето тоа полека ќе ја намали отпорноста на Украинците, или барем Русите се надеваат на тоа“, додаде таа.

Сепак, поранешниот разузнавач потсетува дека Русите постојано ја потценувале решителноста на Украинците. Таа се осврна и на ситуацијата во градот Херсон, кој беше ослободен од Украинците во средината на ноември, откако неколку месеци беше под руска окупација. Таа тврди дека Русите вложиле многу напор за изградба на одбранбена инфраструктура на источниот брег на реката Днепар, што ќе им направи проблеми на Украинците.

Таа наведува дека Русите поставиле бариери кои ќе го отежнат минувањето на украинските возила. Џонс ја покренува можноста дека Украинците може да се обидат да ја преминат реката посеверно за да ја избегнат вградената руска одбрана. Таа ја коментираше и ситуацијата во Бахмут, кој руските војници се обидуваат да го освојат.

Џонс тврди дека Русите неуспешно се обидуваат да го опколат градот и потоа да ги изгладнуваат украинските бранители кои остануваат во градот. „Русите не беа многу успешни во постигнувањето на ова, тие постигнаа одреден напредок јужно од Бахмут, но тие навистина не се поблиску до завршување на ова“, заклучи таа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски