Поранешен претседател на Полска: САД повеќе не се светски лидери

Од:

Поранешниот полски претседател, Лех Валенса рече дека ќе го искритикува американскиот претседател Барак Обама кога ќе дојде во посета на Полска.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“, Валенса рекол дека светот е неорганизиран и дека нема лидерство.

Поранешниот лидер на синдикалното движење „Солидарност“ најави дека во јуни во Варшава, во тек на средбата со Обама, по повод одбележување на 25- годишнината од падот на комунизмот во Полска, на американскиот претедател ќе му рече дека САД треба да го инспирира и охрабри светот со позитнивни акции.

-Ќе му речам, или бидете суперсила и водете не или предадете ја на Полска супер моќта и ние ќе знаеме што да правиме потоа, Амин – нагласи Валенса, кој е добитник на Нобеловата награда за мир.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција