Поранешен претседател на кинеската поштенска банка обвинет за корупција

Од:

Кинеското Државно обвинителство денеска соопшти дека покренало обвинение за корупција против поранешниот претседател на кинеската банка „Постал сејвингс бенк оф Чајна“, Тао Лимин.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Тао и повеќе други лица се осомничени за земање поткуп, ненаменско користење и злоупотреби на јавни средства. Обвинителството најави дека обвинителниот материјал ќе го препрати во централната провинција Хунан, за таму да се оддржи судскиот процес.

„Постал сејвингс бенк оф Чајна“ е трговска банка, формирана од кинеската државна пошта. Во 2013 година, активите на банката достигнаа 788,35 милијарди долари, со што таа стана шеста најголема банка во Кина и 39-та во светот.

По 18-от Конгрес на Комунистичката партија на Кина, во ноември 2012 година, во земјата на власт дојде т.н. петта генерација лидери на чело со Кси Џинпинг, која веќе спроведува масовна кампања против корупцијата. Само во првата половина на 2014 година кинеското обвинителство започна над 19.000 процеси против лица осомничени за корупција.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски