Поранешен премиер на Франција основа партија заради поддршка на Макрон на изборите

Од:

Поранешниот француски премиер Едуар Филип основаше партија, наречена „Хоризонти“, со цел да ја прошири поддршката за претседателот Емануел Макрон кон десно пред претседателските избори закажани за пролетта 2022 година.

Филип, кој е градоначалник на Авра на север, беше премиер од мај 2017 до јули 2020 година.

Тој пред неколку пратеници ги претстави основните насоки на новата партија и вети дека ќе го поддржи центристот Макрон доколку се кандидира на претседателските избори.

Според него, партијата ќе има логика на партнерство и собирање со јасна поддршка за Макрон, така што следните пет години, колку што трае претседателскиот мандат, ќе бидат „корисни години“ за Франција.

„Мојата цел во 2022 година е многу јасна, а тоа е претседателот Макрон да биде реизбран“, рече Филип, за кого многумина мислеа дека самиот ќе се кандидира за претседател.

Би можело да ве интересира

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно