Поранешен премиер и пензиониран генерал одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка

Од:

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш и пензионираниот генерал Петр Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка, што ќе се одржи на 27 и 28 јануари

Во првиот круг од претседателските избори Бабиш освои 36,72 отсто од гласовите, Павел 33,73 отсто, додека трета беше економистката Дануше Нерудова со 13,79 отсто по пребројани 80 отсто од гласовите, објави чешкиот Завод за статистика.

Претседателската функција нема извршни овластувања, но чешките претседатели имаат значајна улога во назначувањето на премиерот, уставните судии, шефот на централната банка и имаат право еднаш да го вратат законот во Парламентот. Тие имаат ограничени овластувања во надворешната политика и се команданти на војската.

Во предизборните анкети водеа Павел и Бабиш, а во вториот круг меѓу двајцата блага предност му се дава на Павел.

Право на глас имаат 8,3 милиони гласачи, а вториот круг од изборите се очекува за две недели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница