Поранешен кениски бизнисмен е новиот премиер на Сомалија

Од:

Претседателот на Сомалија, Хасан Шеик Мохамед го назначи поранешниот бизнисмен Абди Фарах Ширдон Саид за премиер, кој треба да ја формира новата влада на земјата, јави во саботата Reuters повикувајќи се дипломатски и извори од владини сомалиски кругови.

Новиот сомалиски премиер порано бил познат бизнисмен во соседна Кенија. Според агенцијата, Абди Фарах Ширдон Саид е женет за една од највлијателните активистки на мировните движења, Сомалијката Аша Хаџи Елми.

Како што пишува Reuters, Ширдон Саид е „падобранец” во политиката, исто како и самиот претседател на Сомалија, Хасан Шеик Мохамед, кој е поранешен професор во средно училиште, кој ја презема највисоката функција во земјата на почетокот од септември годинава.

Според западен дипломат, чие име не се наведува, меѓународната заедница позитивно го оцени именувањето на Ширдон Саид за премиер на земјата којашто се наоѓа во распад веќе неколку децении.

На крајот од јули годинава во Сомалија почна заседанието на конститутивното собрание коешто го започна предавањето на власта во земјата. Беше избран парламент кој го избра претседателот. Како што беше претходно соопштено, претседателот требаше да го именува премиерот, одговорен за формирање на владиниот кабинет.

Сомалиската Република престана да постои како обединета држава во 1991 година со падот на диктаторскиот режим на Сиад Баре. Како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава сојузната влада, којашто го контролира Могадишу и неколку региони од распадната држава.

Останатите области на Сомалија се под контрола на непризнаени државни ентитети или се самоуправни територии. Во областите во јужна и северо-источна Сомалија, власта е во рацете на локалните кланови и радикалните исламистички движења, меѓу кои има и поврзани со Ал Каеда. Територијата на северна и северозападна Сомалија ја контролира непризнаената Република Сомалиленд.

Ал-Шабаб е една од најмоќните сомалиски исламистички групи. Како поддршка на сомалиските власти во борбата против милитантите свои контигенти во земјата имаат соседните држави Кенија и Етиопија.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија