Поранешен канадски дипломат уапсен во Кина, ИЦГ работи на негово ослободување

Од:

Кина, наводно, уапсила поранешен висок канадски дипломат и актуелен советник на невладината „Меѓународна кризна група“ (ИЦГ).

Поранешниот канадски дипломат Мајкл Ковриг е уапсен во Кина, соопштија денеска двајца извори, а неговиот сегашен работодавач соопшти дека бара негово брзо и безбедно ослободување.

„Правиме сè што можеме за да дојдеме до дополнителни информации за тоа каде се наоѓа Мајкл, но и работиме за негово брзо пуштање на слобода“, се наведува во соопштението на ИЦГ.

Ковриг се занимава со истражување и анализа на надворешни работи и безбедносни прашања во североисточна Азија, пред сè во Кина, Јапонија и на Корејскиот Полуостров. Пред да се приклучи на ИЦГ во 2017 година, тој работеше како канадски дипломат во Пекинг, Хонг Конг и Обединетите нации.

Апсењето на Мајкл Ковриг доаѓа откако полицијата во Канада ја уапси директорката за финансии на кинеската компанија „Хуавеј Технолоџис“ Менг Ванжу на 1 декември, по барање на американските власти, по што следуваше остра кинеска реакција. Засега не е познато дали двата случаи се поврзани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Новиот канадски премиер одма го нападна Трамп: САД да покаже почит

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина