Поранешен инженер на Гугл обвинет за кражба на податоци за Убер

Од:

Поранешниот инженер на Гугл, Ентони Левандовски е обвинет за кражба на технологијата на самоуправувачки автомобили од таа компанија, пред да се придружи во обидите на компанијата Убер да се вклучи во трката за развивање на роботизирани возила.

Левандовски, кој е пионер во развојот на роботизирани возила, е обвинет по 33 точки од обвинението за кражба на индустриски тајни.

Неговите адвокати го отфрлаат кривичното дело, тврдејќи дека во обвиненијата се повторуваат наводи кои се решени во граѓанска постапка.

Обвинението кое го покрена американското Државно обвинителство во Сан Хозе во Калифорнија, е дел од тужбата која во 2017 година ја поднесе Вајамо, пионер во развивање на самоуправувачки автомобили, кој потекнува од Гугл.

Убер се согласи да му плати на Вајамо 245 милиони долари со споразумен договор, но сојузниот судија кој го водел случајот дал невообичаена препорака да се отвори кривична истрага.

Компанијата Убер смета дека поседувањето технологија за роботизирани возила е клучно за нејзиното опстојување.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 500 жени тужеле компанија во Америка поради сексуален напад од возачи

ЕК за сега без коментар за лобирањето на бивша ЕУ комесарка во корист на Убер

Во печатот се откриени привилегираните врски меѓу Макрон и Убер, огорченост кај левицата

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Убер е во загуба и покрај заживувањето на овој вид превоз

Ана Ололовска