Поранешен ФБИ агент: Можев да го спречам нападот на 11-ти септември, не ми дозволија

Од:

Поранешниот специјален агент на американското Федерално истражно биро Марк Росини кој во 2008 година остана без работа, за „Њузвик“ изјави дека грабнувачите на авионите со кои на 11-ти сепетмври ги извршија теористичките напади во Њујорк во својата замисла успеале благодарение на пропустите во работата на ФБИ и ЦИА.

Тој тврди дека ЦИА го сперчила да ја пренесе на ФБИ информацијата дека во 2000 година во САД влегле двајца познати терористи, кои подоцна ќе ги извршат нападите на Светскиот трговски центар.

Според владиниот извештај за случувањата од 11-ти септември, одговорност за терористичките напади во кои беа убиени околу 3.000 лица делумно се припишуваат на неодредени пропусти на разузнавачките служби и не се прецизира зошто ЦИА не им ги пренела на ФБИ клучните информации за терористите, кои можеле да помогнат да бидат спречени нападите.

kulite-bliznacki

Росини вели дека по 11-ти септември кога конгресните истражители вршеле истрага за неговата работа на одделнието на ЦИА за следење на Бин Ладен, тој молчел по директива на ЦИА, токму како и еден негов колега.

-Постоеше уверување дека не треба да им се верува, дека конгресните истражители се обидуваат да обвинат некого за тоа и да го стават во затвор. Рекоа дека тие не се овластени за да знаат што се случува на оперативно ниво- изјави Росини и додаде дека кога ги испрашувале, во просторијата имало еден припадник на ЦИА кој ги надгледувал.

Росини дури во 2004 година го известил ФБИ што се случило. Тој вели дека се кае што постапил по наредбите на ЦИА и што не ја пренел информацијата на ФБИ дека во државата влегол Халид ал Мидар, кој ќе грабне еден од авионите кои се користени во нападот на 11-ти септември.

ЦИА извесно време трагала по него, но дури летото 2001, кога го изгубила неговиот и трагот на другиот иден грабнувач Наваф ал Хази, го информирала ФБИ дека тие се тука.

Планот на ЦИА бил да ги регрутира Ал Мидар и Ал Хазми во рамки на предлогот на поранешниот советника за борба против тероризмот Ричард А. Кларк, но очигледно не успеале во тоа. Неколку месеци откако ЦИА им ги изгубила трагите , се случија нападите на 11-ти септември.

За сега се уште нема официјално објаснување зошто агенти на ЦИА му забраниле на Росини да ја пренесе информацијата на ФБИ за Ал Мидар и Ал Хазми.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак