Поранешен директор на ЦИА застана во одбрана на методите на агенцијата

Од:

Поранешниот директор на ЦИА Мајкл Хејдн изјави дека не го лажел Конгресот во врска со суровите методи на сослушување на лицата осомничени за тероризам.

Хејдн, кој раководеше со ЦИА за време на вториот мандат на поранешниот претседател Џорџ Буш истакна дека по нападите од 11 септември 2001 година разузнавачките служби се обидувале да спречат нови напад врз САД.

Тој изјави дека ја поддржал идејата на Конгресот да биде информиран за активностите на разузнавачката заедница.

Хејдн и уште двајца поранешни директори на ЦИА, Џорџ Тенет и Портер Грос ги оспорија оценките на сенатската Комисија за разузнавање дека методите за сослушување, кои ги употребувала ЦИА не довеле до добивање на важни разузнавачки податоци. Тие нагласија дека со таквите методи биле спасени илјадници човечки животи.

Според сенатската Комисија ЦИА не осуетила никакви поважни заговори и покрај измачувањата на приведените лица за време на владеењето на Буш.

Но Хејдн, Тенет и Грос, заедно со тројца поранешни заменици-директори на ЦИА во статија за весникот „Волстрит журнал“ нагласија дека САД никогаш немале да успејат да го откријат и ликвидираат лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен без информациите, добиени со спорните методи на сослушување.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел