Данскиот поранешниот министер за одбрана Клаус Хјорт Фредериксен е обвинет за оддавање високо доверливи државни тајни, се наведува во денешното соопштение на Министерството за правда.
Фредериксен, кој беше министер за одбрана помеѓу 2016 и 2019 година, во јануари изјави дека бил прелиминарно обвинет за прекршување на дел од кривичниот законик, кој вклучува оддавање државни тајни.
Парламентот сега ќе треба да дебатира за укинување на пратеничкиот имунитет на Фредериксен, заштита од правно гонење што им е доделена на данските пратеници.
– Искрено се надевам дека јавноста и сите членови на Парламентот сега можат да добијат увид во она што Владата верува дека сум го направил, што може да се оцени за предавство, истакна Фредериксен.
Извор: МИА