Поранешниот нацист и СС чувар на концентрациониот логор Аушвиц,Оскар Гронинг изјави на сослушувањето пред судот во германскиот град Луненбург, дека чувствува „морална вина“.
Гронинг, кој сега има 93 години рече дека ја признава моралната одговорност за она што се случувало во логорот,за тоа дека знаел за гаснитте комори и за крематориумите,во кои се вршени масовните убиства,но дека правно гледано, тој е невин,затоа што никогаш не учествувал во работи поврзан со геноцидот.
За себе вели дека во Аушвиц работел само како сметководител кој ги пребројувал парите што им биле конфискувани на новодојдените логораши.
Гронинг кој и покрај својата старост,на сослушувањето зборувал безмалку еден час,рекол дека, сепак, бара да му се прости за тоа што бил во логорот.
„Делам морална одговорност,а за тоа дали сум виновен, според кривичниот закон,нека одлучи судот„-рекол во својата изјава пред судиите Оскар Гронинг.
Ова не е прв пат,овој припадник на некогашните нацистички СС единици,познати по својата бруталност,да се соочи со обвинување за неговата работа во логорот на смрта во Аушвиц.
Во осумдесетите години на 20 век,Гронинг,познат и како „библиотекарот од Аушвиц„ беше обвинет,но не беше изведен на судење, затоа што обвинтелството на можеше да најде докази за неговата директна поврзаност со злосторставата извршени врз Евреите и другите логораши.
Овој пат,германските обвинителите веруваат дека тој ќе може конечно да биде осуден за самото тоа што бил ангажиран во Аушвиц и што бил дел од нацистичкиот систам за масовно убивање невини луѓе.
Доколку биде прогласен за виновен Оскар Гронинг може да биде казнет со затворска казна до 15 години.
Во судкската сала во Луненберг имаше и четворица преживеани логораши од Аушвиц,а германските медиуми јавуваат за шокираноста на неговите роднини,слушајќи го исказот на обвинетиот пред судиите.
Се очекува ова да биде еден од последните судења на нацистистичките злосторници од Втората светска војна.