Поранешен бунтовнички лидер во ДР Конго осуден во Хаг за воени злосторства

Од:

 Меѓународниот Кривичен суд во Хаг го прогласи денеска за виновен поранешниот конгоански бунтовнички лидер Жан Пјер Бемба, за сторени воени злосторства во соседната Централно Африканска Република.
Според пресудата на хашкиот суд, Бемба е виновен затоа што не го запрел убивањето и силувањето што во соседната земја го извршувале припадниците на неговите бунтовнички единици кои претходно учествуваа во војувањето во ДР Конго.
Бемба има испратено повеќе од илјада свои војници во Централно Африканската Република, кои требаше да помогнат во спречувањето на подготвениот пуч.
Во текот на судскиот процес, беше утврдено дека Конгоанците од неговото Движење за ослободување на Конго, изврѓиле неколку стотци ликвидации и убиства на цивили, дека нападнале и силувале стотици жени, како и дека извршиле бројни грабежи.
Судот во Хаг определи тој да остане во притвор до изркеувањето на пресудат.
Ова е првпат, Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) , процесот да го насочи врз сексуалното насилство, како оружје во една војна.
Едно време Бемба беше и потпретседател на Конго а пред тоа и помошник на поранешниот лидер Мобуту Сесе Секо.
По завршувањето на граѓанската војна во Конго, тој го остави оружјето и стана член на привремената конгоанска влада. Во 2006 година беше поразен на претседателските избори од Жозеф Кабила, по што ја напушти земјата и се насели во Белгија.
Во 2008 година беше уапсен и предаден на судот во Хаг.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска