Поранешен американски специјалец убиен во Бахмут

Од:

Пензиониран војник од специјалните сили на САД беше убиен од руска артилерија оваа недела во источниот украински град Бахмут, кој редовната руска армија и платениците од групата Вагнер очајно се обидуваа да го освојат речиси една година.

Неговата смрт ја потврди близок пријател и основач на непрофитна организација која работи во Украина. Пензионираниот наредник Николас Мајмер беше во зграда во Бахмут која се урна откако беше погодена од артилериски оган, рече пензионираниот полковник Пери Блекбурн, основач на непрофитната организација AFGFree, со која Мајмер работеше во Украина.

Украинците кои биле со Мајмер веруваат дека поранешниот специјалец се заглавил во делумно уништената зграда или бил убиен од налетот на руската артилерија, рече Блекбурн.

„Тие влегоа во таа позиција, а потоа започна тежок артилериски оган. Зградата почна да се урива. Повеќето Американци и Украинци успеаја да побегнат, но Ник не“, изјави за Си-Ен-Ен пријателот на Мајмер, друг Американец.

Потврдата за смртта на Мајмер дојде откако Евгениј Пригожин, основачот на руската приватна воена компанија Вагнер, објави видео за кое тврди дека го покажува телото на убиениот Американец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО