Порака до Евреите во источна Украина: Регистрирајте се или ќе бидете депортирани

Од:

На Евреите во источниот украински град Доњецк, каде што проруски милитанти презедоа контрола над владините згради, им е речено дека мора да се „регистрираат“ со Украинците, кои се обидуваат да го присоединат својот град со Русија, пишуваат израелските медиуми.

Евреите велат дека добивале флаери, во кои им се налага да обезбедат попис на своите имоти и да ја платат регистрацијата, или „ќе им го укинат државјанството, ќе се соочат со депортација и нивните имоти ќе бидат конфискувани“, пренесе израелскиот портал за вести „Ynet news”.

ukrainaEvrei

На флаерите се наоѓа името на Денис Пушилин, кој е претставен како претседател на „привремената влада на Доњецка“, а тие се дистрибуирани во близина на синагогата во Доњецка и другите подрачја, наведуваат медиумите.

Пушилин призна дека неговата организација ги дистрибуирала флаерите, но ја демантираше наведената содржина.

Емануел Шекрет од Израел изјави дека негов пријател од Доњецк му испратил копија од флаерот преку социјална мрежа.

-Ми рекоа дека маскирани лица ги чекале Евреите по молитвата по повод Пасхата, им поделиле флаери и им рекле да ги следат наведените инструкции- рече Шекрет.

Почетокот на флаерот како што пренесе “USA Today”, гласи „Драги украински државјани од еврејска националност“.

-Поради тоа што лидерите на еврејските заедници во Украина ја подржаа Бандериевата хунта и се спротивставија на прословенската Народна Република Доњецка, привремената влада одлучи сите еврејски граѓани на возраст од 16 и повеќе години, кои претстојуваат на територија на Републиката, мора да се пријават кај Комесарот за националности во Регионалната администрација и да се регистрираат до 3-ти мај, пренесе Еврејскиот печат.

ukrainaVojnici

За потсетување Степан Бандера беше лидер на контроверзната терористичка Организација на украинските националисти во Втората светска војна.

Во флаерот исто така се наведува кои документи Евреите треба да ги понесат со себе, „личните карти и патните исправи, религиските документи на членовите на семејството, како и документите кои го покажуваат правото на имот, меѓу кој и автомобилите“.

Доколку не се регистриаат, на Евреите им се заканува укинување на државјанствата, „протерување од државата и конфискација на имотот“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Четири лица се повредени во воздушен напад во Харков

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала