Украински борбен авион Ф-16 бил уништен во несреќа во понеделникот, само неколку недели откако првиот од американските авиони пристигнал во Украина, пишува WSJ.
На почетокот на август во Украина пристигнаа моќни американски авиони. Според првите неофицијални информации, авионот не бил соборен во борбите, туку напротив грешка на украинската страна.
Украина води борби на истокот на земјата со цел да ја запре руската офанзива. Украинците имаат големи очекувања од моќните американски авиони по кои копнееја.
„Ф-16 во Украина, успеавме“, рече Зеленски на церемонијата на почетокот на август на тајна локација.
Тој особено им се заблагодари на Данска, Холандија и САД што помогнале да се испорачаат авионите по 18 месеци чекање, но веднаш додаде дека се потребни уште многу. Нивното пристигнување претставува клучна пресвртница во зајакнувањето на способностите на воздухопловните сили на Украина, кои во голема мера се потпираат на старите авиони од советската ера, пишува Би-Би-Си.
Зеленски не прецизираше колку авиони пристигнале во Украина или дали сите биле испратени од трите земји од НАТО што ги спомена. Членките на НАТО, вклучително и Белгија и Холандија, ветија околу 65 авиони Ф-16.