Околу 600.000 лица морале да ги напуштат своите домови поради торнадото Румбија во источниот дел на Филипините, а голем број останале блокирани во куќите.
Југоисточно од главниот град Манила во регионот Албај торнадото се движело со брзина од 65 километри на час, оштетувајќи ги куќите и корнејќи дрвја. Метеоролозите предупредија дека торнадото би можело да ја зголеми брзината.
Бродскиот сообраќај е откажан, а поројните дождови предизвикани од торнадото доведоа до поплави и лизгање на земјиштето.