Владата на Португалија препорача 43 локални заедници привремено да ги зголемат цените на водата за најголемите потрошувачи и да го прекинат чистењето на улиците, наводнувањето на јавните паркови и градините, бидејќи земјата се бори со невидена суша.
Целото копно на Португалија се бори со силна или екстремна суша по топлотниот бран во последните месеци, соопшти тамошниот метеоролошки институт (ИПМА).
Министерот за животна средина Дуарте Кордеиро објави дека од 61 брана во Португалија, 10 се во критична ситуација, со волумен на складирана вода под 20 отсто од нивниот капацитет.
Тие речиси суви брани снабдуваат 40 општини во северниот и централниот дел на земјата, а три се во регионот Алгарве, кој „живее“ од туризмот.
-Иако земјата како целина има доволно вода во своите акумулации за двегодишна потрошувачка, 10 региони се во критична ситуација и немаат доволно вода за една година, рече Кордеиро.
Португалскиот министер изјави дека за 43-те најтешко погодени општини владата препорачала во периодот на најголема суша да ја зголемат цената за домаќинствата и компаниите кои трошат повеќе од 15 кубни метри вода месечно
Извор: МИА