Поради сомнителен пакет евакуиран центарот на Ливерпул

Од:

Британската полиција денеска спроведе евакуција во ценарот на Ливерпул, поради сомнеж за поставен бомба во тој дел од градот.

Британските медиуми јавија дека полицијата преговара со еден маж кој се забарикадирал во зграда во центарот на Ливерпул и тврди дека кај себе има „сомнителен пакет“.

Поради стравувањето од можна експлозија, полицијата блокираше неколку улици и ги евакуираша станарите и вработените од повеќе згради во сторгиот центар на градот.
Мажот кој тврди дека има „сомнителен пакет“ се наоѓа во една 14-катна деловна зграда. Полицијата била алармирана откако вработени во зградата забележале маж во објектот кој се „однесувал сомнително“.

Преговорите со „сомнителниот“ маж се во тек и, според медиумите, тој засега одбива да ја напушти зградата, околу која се распоредени поголем број полицајци и припадници на противпожарната служба, а над тој дел од градот кружи и полициски хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство