Обилните снежни врнежи што ги зафатија канадските источни провинции Њуфаундленд и Лабрадор, Остров Принц Едвард, Њу Брансвик и Нова Шкотска предизвикаа прекин на наставата во училиштата и универзитетите, а затворени се и некои државни институции и продавници,
Поради невремето не сообраќаат фериботите, а стотици летови се откажани. Голем број патишта се затворени бидејќи драстично е намалена видливоста.
Според синоптичарите утре е можно зголемување на температурата во Њуфаундленд и Лабрадор, Остров Принц Едвард и Нова Шкотска и снегот да биде заменет со леден дожд.