Поради смогот во Пекинг времено затворени над сто фабрики

Од:

Властите во Пекинг привремено затворија повеќе од сто фабрики кои ја загадуваат животната средина. Таквата одлука е донесена поради опасно високото ниво на загаденост на воздухот во Пекинг и северна Кина.

Густата сива магла од смог втор пат за две недели ги принуди и воздухопловните компании да ги откажат летовите, а градските власти да го предупредат населението да остане на затворено.

Видливоста во центарот на Пекинг денеска беше намалена на 200 метри, а пешаците и велосипедистите повторно носеа маски, пробивајќи се низ смогот и покрај предупредувањето на властите дека загадувањето е сериозно.

Американската Амбасада, која го мери нивото на ситни честички во воздухот, така наречени ПМ2,5, измери загадување од 526 микрограми на кубен метар што е над скалата на нормалниот индекс на мерење и повеќе од 20 пати од дозволената загаденост според препораките на Светската здравствена организација.

Во некои делови од североисточна на Кина видливоста е помала од сто метри. „Ер чајна“ откажа 14 домашни летови од Пекинг, а аеродромот во источниот град Чингдау е затворен и сите летови се откажани. На аеродромот Џенгџоу во провинцијата Хенан се откажани 109 летови, а маглата ќе трае до четврток.

Смогот овој пат освен здравствени проблеми предизвика и главоболки кај патниците, бидејќи во Кина ова е прва недела на почетокот на транспортниот хаос и на патувањата на луѓето од едниот до другиот крај на земјата за да бидат со своите семејства за кинеската Нова година на 10 февруари. Традиционално периодот пред и по Лунарната нова година претставува најголема миграција на населението во светот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски