Поради седум секунди доцнење загубил 13,5 милиони долари

Од:

Еден Канаѓанец кој купил лото ливче со само седум секунди задоцнување, нема да може да подигне половина од џекпот во износ 27 милиони долари и ќе мора да ги покрие судските трошоци, затоа што Врховниот суд вчера одби да ја разгледа неговата тужба.

Џоел Иферган од Квебек купил две ливчиња за лотаријата „Супер 7“ во мај 2008 година неколку секунди пред 21 часот кога истекува рокот за предавање на ливчињата за тоа коло.

На првото ливче отпечатен е датум 23 мај и тоа се однесува на излекувањето за таа вечер, но второто отпечатено ливче со час 21:00,07, односно седум секунди по 21 часот, се однесувало за наредното коло.

Продавачот го прашал Иферган дали сака да ги купи, тој одговорил потврдно и ги платил.

За несреќа по Иферган, добитните бореви за џекпот од 27 милиони долари се наоѓале на второто „задоцнето“ ливче.

Иферган за доцнењето го обвини централниот компјутерски систем на „Лото-Квебек“ и го тужеше регулаторното тело задолжено за лотарија во провинцијата, барајќи исплата на половина од џекпотот, односно 13,5 милиони долари, затоа што во колото на 23 мај  постоело уште едно добитно ливче.

Апелацискио суд во Квебек ја одби претходно тужбата на Иферган во мај 2014 година.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто