Поради протестите во Хонгконг, Кина ги пренасочува патниците

Од:

Кинеските власти соопштија дека поради протестите во Хонгконг, ќе овозможат повеќе патници да се пренасочуваат на други аеродроми во областа Гејтер Беј, со цел да се овозможи непречен превоз меѓу копното и Хонгконг.

Хонгошкиот аеродром, еден од најпрометните во светот, ги откажа сите летови поради тоа што на главниот терминал се одвиваат антивладини протести.

Од денеска откажани се сите слетувања и полетувања, соопштија од аеродромот.

Демонстрантите упаднаа во зградата на главниот терминал и оневозможуваат работа на аеродромот.

Неколку илјади демонстранти денеска се во таа зграда на аеродромот иако нивното протестирање таму требаше да заврши синоќа. Хонгконшката авиокомпанија Катеј пасифик, се закани со отпуштања од работа на свои вработени кои ги поддржуваат, како што наведоа во соопштение, „незаконски протести“.

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна