Поради поплави евакуирани околу 100.000 жители на Калгари

Од:

Поради поплави во Канада денеска се евакуирани околу 100.000 жители на Калгари и околината, училиштата се затворени, а два хеликоптера и повеќе стотина војница се ангажирани во 24 градски населби, бидејќи поројниот дожд доведе до излевање на реките Боу и Елбоу во овој олимписки град и ширум западниот дел на земјата.

Градоначалникот на Калгари Нахид Ненши ги повика граѓаните да ги земат најпотребните работи и да ги напуштат домовите на неколку дена.

Полицијата патролирала низ улиците и преку мегафон ги потсетувала сограѓаните на евакуација.
Силните дождови ги затворија патиштата и мостовите во другите делови на канадската покраина Алберта, но засега нема информации за жртви и повредени.

Уште 12 места во соседните канадски провинции прогласиле вонредна состојба, а лизгањето на земјиштето го блокирало трансканадскиот автопат, што предизвика изолирање на планинско одморалиште во градот Банф.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка