Поради невреме стотици илјади граѓани во Сао Паоло без електрична енергија

Од:

Стотици илјади жители на Сао Паоло денеска останаа без електрична енергија поради обилните дождови, громови и силен ветер.

Во текот на ноќта дождот пропратен со ветер со брзина од 85 километри на час и приближно 8.000 громови го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на 800.000 клиенти на локалната компанија „Елетропаоло“. Слична бура на 29 декември без електрична енергија остави половина милион клиенти на истата компанија.

Температурата на воздухот во Сао Паоло се искачи до 35 степен, а дождот поплави најмалку 30 улици и неколку квартови, а ветерот урна приближно 80 дрва, од кои многу ги прекинаа електричните жици. Поради невремето еден час беше затворен и градскиот аеродром, додека меѓународниот аеродром остана без струја и патниците два часа чекаа во темница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата