Поради несоодветна грижа над 200 бебиња починале во текот на две децении во една британска болница

Од:

Повеќе од 200 бебиња починале за две децении во британска болница поради невнимание на персоналот за време на породилната нега, се вели во извештајот на таа болница.

По објавениот извештај, во кој се наведува дека во текот на 20 години поради несоодветен третман починале 201 бебе, девет мајки, 29 случаи каде бебињата претрпеле тешки повреди на мозокот и 65 инциденти на церебрална парализа, денеска е побарана национална ревизија на породилната нега, јави Би-Би-Си.

Истрагата започна во 2018 година, откако две семејства ги загубиле своите бебиња во болицата Шрусбери и Телфорд во Западна Англија. Истражувани се 1.600 случаи од 2000 до 2019 година, вклучувајќи случаи на мртвородени деца, смртни случаи на доенчиња, смртни случаи на мајки и други сериозни компликации.

Истрагата покажа дека 131 бебе се родиле мртви, 70 починале по раѓањето, а девет мајки починале. Се проценува дека тоа можело да се избегне со подобра грижа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година