Поради инает на девојка, ги купил сите билети за кино

Од:

Кинески бизнисмен идентификуван како Ванг, потрошил 30.000 евра за да ги купи сите билети во четири кино сали во Пекинг, за филмското остварување „Трансформес“, за да и докаже на својата поранешна девојка, дека згрешила што го напуштила.

Кинеските медиуми наведуваат дека тој новопечен богаташ, пред седум години додека бил студент имал врска со една девојка, но бил толку сиромашен, што не можел да си дозволи да купи ниту два билети за кино.

-Кога замина во Пекинг ми рече дека никогаш ништо нема да успеам. Опседнат од твојата изјава, напорно работев во последниве седум години. Денес само сакам да ти кажам дека многу погреши- напишал Ванг.

Како доказ тој објавил и фотографија на која се гледа нарачката за билетите вредна 30.000 евра. Ванг им ветил на корисниците на интернет дека ќе им ги подари сите билети, доколку ги пренесуваат неговите пораки упатени до поранешната девојка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски