Поради големите загуби „Нисан“ ја затвора фабриката во Барселона

Од:

Јапонскиот „Нисан мотор“ одлучи да ја затвори својата фабрика во Барселона, како дел од глобалното реструктуирање.

Тоа ќе предизвика губење на околу 3.000 работни места, соопшти шпанската Влада.

Затворањето на фабриката во Барселона ќе го чини јапонскиот производител до милијарда евра, објави владата, тврдејќи дека инвестирањето во фабриката на „Нисан“ ќе биде поевтина алтернатива.

Тие го повикаа јапонскиот производител да разгледа други опции.

Во јануари, по разговорите со водачите на Рено и Нисан, Владата објави дека работното место во фабриката е „загарантирано“.

– Јасно е дека жалиме за таквата одлука, изјави министерот за економија Надио Калвино за телевизијата ТВЕ, нагласувајќи дека Владата ќе ги продолжи разговорите со Нисан и локалните и регионалните власти за да види како да се продолжи и можеби да се најде алтернативно решение.

Во фабриката на Нисан во Барселона работат околу 2.400 работници и околу 600 во сродни погони.

Тоа е главната фабрика на Нисан во Европа, по онаа во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени