Водостојот на реката Елба достигна 8,76 метри во Дрезден, главниот град на германската сојузна држава Саксонија, но историскиот центар на градот, кој беше разурнат во големите поплави во 2002 година, не беше оштетен.
Жителите на спасувачките екипи работеле цела ноќ за да ја спречат поплава во Дрезден, а германската војска и тимот за справување со природните катастрофи испрати дополнителна помош за поставување вреќи со песок, чекајќи го налетот на водата, која однесе 16 животи од минатата недела во повеќе држави во централна Европа, кон север.
Германскиот канцелар Ангела Меркел го посети вчера градот Битергелд во Саксонија, кој е еден од најзагрозените во поплавите и каде според изјавите на жителите две езера се закануваат со „мини цунами“ поради што десетици илјади луѓе се евакуирани, вклучувајќи и 30 илјади во околниот град Хале.
Меркел ги пофали за солидарност десетиците илјади лица, кои се борат против најтешките поплави, кои ја погодија централна Европа во изминатата деценија и вети дополнителна помош за загрозените во текот својата посета на погодените подрачја.
Таа во вторникот вети итна помош за загрозеното население во износ од 100 милиони евра, но додаде дека ќе пристигне и дополнителна помош.
Во Чешка, каде поради поплавите околу 20 илјади лица се евакуирани, спасувачите со чамци ги снабдуваат изолираните семејства со вода за пиење.
Во Австрија, кај Кронојбург, северно од Виена, регистирано е рекордно ниво на Дунав од 8,06 метри.
Во незапаметените поплави, кои ја погодија централна Европа животот го загубија осум лица во Чешка, пет во Германија, двајца во Австрија и еден во Словачка.