Поплави во Италија, три лица настрадаа

Од:

Три лица загинаа кога нивниот автомобил падна од мост кој се урна, во Тоскана, која е веќе втор ден погодена од големи поплави.

Идентитетот на настраданите се уште не е утврден, а засега е непознато дали нивниот автомобил излетал од мостот или се наоѓал на него во моментот на уривањето, јавува Ројтерс.

Веќе два дена траат поплавите предизвикани од обилни врнежи кои доведоа до излевање на реките на неколку места.

Вчера еден човек загина, а повеќе од 100 луѓе мораа да ги напуштат своите дом0ви.

Делови од северна Италија, вклучувајќи ја Венеција, исто така се погодени од обилни врнежи на дожд.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа