Најмалку 35 лица загинале, а пеесет се водат како исчезнати во поплави кои зафатија четири провинции на исток на Авганистан, соопштија официјални лица.
Портпаролот на локалната власт во Нангархар, Кабул, Коста и Нуристан изјави дека провинциите во сабота биле зафатени од големи поплави.
Во областа Суроби во провинцијата Кабул, шефот на полицијата рече дека 13 лица настрадале во поплавите, додека 50 се водат како исчезнати.
„Асошиејтед прес“, пренесе дека во провинцијата Нангархан, има 17 жртви, додека од канцеларијата на претседателот Хамид Карзаи е соопштено дека уште седум лица загинале во Коста и Нуристан.
Елена Георгиевска