Понта: Вознемирен сум од ситуацијата во Молдавија

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта во интервју за Аџерпрес изјави дека е вознемирен од ситуацијата во Молдавија, која е полоша од минатата година, но додаде дека го поддржува молдавскиот премиер Кирил Габурич и европскиот пат на земјата.

Романскиот премиер посочи дека е вознемирен и поради тоа шти трите проевропски партии во Молдавија не останале заедно и оти малцинската Влада е нестабилна.

– Проевропските сили во Молдавија ја добија битката, но ја загубија војната. Би сакал актуелната Влда да опстои што е можно подолго, но тоа е една кревка Влада, истакна Понта.

Тој изрази надеж дека во Кишинев и во Балц нема да бидат избрани проруски градоначалници на локалните избори во јуни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он