Понта размислувал за оставка, но останува заради политичка стабилност на земјата

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта изјави дека размислувал да поднесе оставка, откако бил информиран дека е осомничен за корупција, но одлучил да остане со цел да обезбеди политичка стабилност во земјата.

Виктор Понта денеска изјави дека оставка на неговата влада би предизвикало политичка криза од три, четири, пет месеци и повеќе.

Романскиот парламент денеска се собра со цел да гласа по барањето на главниот обвинител за започнување на кривично гонење против премиерот. На 5 јуни обвинителството од Националната дирекција за борба против корупцијата објави дека Понта е осомничен за корупција, вклучително и за даночно затајување од 2007 до 2008 година додека бил пратеник.

Претседателот Клаус Јоханис го повика премиерот Понта да поднесе оставка.

Понта денеска изјави дека соработува со обвинителството и го отфрли обвиненијата за вмешаност во корупција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он